Родителите на деца со посебни потреби бараат итно решавање на проблемите со кои се соочуваат

Од:

Родителите на децата со посебни потреби, кои се членови на 20-тина здруженија, од ресорните министерства и пратениците бараат да добијат квалитетни испитувања, терапии и стручен кадар за нивните деца, а исто така возрасните лица со посебни потреби по 26 година да им биде покриено здарвственото осигурување.

Како најприоритетен проблем за решавање го посочуваат сместувањето на децата по нивната смрт. Сметаат дека институциите во Демир Капија и Негорци, каде што треба да бидат сместени нивните деца, не се соодветни и бараат државата да најде решение за нивно сместување. За возврат тие ги нудат своите куќи и станови и да волонтираат до крајот на животот.

На денешната прес-конференција во Штип Зоран Мијаков од Здружението „Сплотени срца“ истакна дека за да ги испратат пораките до сите политичари три дена ќе кампуваат пред Собранието, а шаторите ќе ги постават од четврток во девет часот. Истот ден ќе одржат и прес-конференција.

Мијаков најави дека секој 21, 22 и 23-ти во наредните месеци ќе ги поставуваат шаторите и мирно ќе протестираат.

– Најбитно ни е да потенцираме дека ова нема никаква врска со партија или било што предвреме осудуваме доколку некој се обиде да не злоупотреби, бидејќи се случуваат и такви работи во нашата земја. Значи сите сплотени ќе бидеме за нашите деца во Скопје, а како што велиме ќе кампуваме пред совеста на нашите пратеници, вели Мијалков.

Би можело да ве интересира

Лицата со хендикеп бараат пристапност до здравствените објекти, подобра едукација на лекарите и квалитетни ортопедски помагала

Ана Ололовска

Дебата „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“

Ана Ололовска

Се зголемува додатокот за децата со посебни потреби

Ана Ололовска

Драма во Тимјаник: Ние не сме фашисти, ама не ги сакаме тие деца овде

Ана Ололовска

Формиран Центар за вработување лица со хендикеп

Ана Ололовска

Родителите на децата со посебни потреби организираат хепенинг „Можеме! Знаеме! Умееме!“

Ана Ололовска