Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 5 163 позитивни случаи на ковид-19, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, а тамошните здравсtвени власти сметаат дека ова се случува поради ширењето на доминантниот сој омикрон.
Според информациите на словенското Министерство за здравство, во болниците ширум земјата на интензивна нега се наоѓаат 85 пациенти кои не се вакцинирани, а најмладиот од нив има само 18 години.
Евентуалната задолжителна вакцинација се уште „не е на маса“, не е разгледувана ниту од Кризниот штаб, ниту од Владата, но прогнозите за ширењето на петтиот бран, во кој омикрон веќе стана доминантен не се добри, соопшти словенскиот министер за здравство.