Распишана потерница и предложен притвор за Васко Ковачевски во предметот „Адитив“

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла, наведувајќи дека осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

Согласно своите законски надлежности, јавните обвинители кои постапуваат во предметот до судијата на претходна постапка веднаш доставија Жалба по однос на донесеното Решение за отфрлање, како и Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот која мерка ќе биде активна по неговото пронаоѓање. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена, информираат од ОЈО.

Информираат дека „применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР доставија Наредба за распишување на национална потерница и Изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице“.

Истрагата за предметот „Адитив“ започна на 10 овој месец и со него се опфатени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Димитровска, која е осомничена за случајот “Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК

Левица: Антикорупционерот Димитровска, избрана со максимум бодови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – го олицетвори трулиот систем

Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за осомничените во продолжената акција наречена „Адитив“

Горан Наумовски

Обвинителство: Нови тројца осомничени во аферата „Адитив“

Кривичен одлучи: Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК осомничена во предметот „Адитив“

Oбвинителството бара мерки за претседателката на ДКСК во рамки на предметот „Адитив“