Преполнетото корито на реката Радика е пред излевање кај месноста Ростушки Мост по обилните и интензивни врнежи во последното деноноќие.
– Дотекот на вода во Радика е за неколкупати зголемен. Засега нема излевање од коритото, но проблем претставува безбедноста на мостовите, посебно кај селото Јанче, поради големите гранки кои ги носи водата со себе, изјави Диди Џафери од општина Маврово Ростуше, одговорен во Секторот за заштита и спасување.
Надојдена била и Жировничката Река во селото Жировница, која што се влева во Радика. Во опасност се повеќе домови, а на жителите им било порорачано да се дислоцираат.
Од дебарската секција на „Македонија пат“, потврдуваат дека на патнот правец Дебар-Маврово има појава на чести но помали одрони од камен и земја. Нивни екипи се постојано на терен во расчистување на истите, но сепак препорачуваат многу внимателно возење.
