ВИДЕО: Работилница за изработка на божикни ѕвезди

Од:

Во семејниот дом на Даниела Секуловска, која веќе неколку години изработува Божикни ѕвезди за децата што ги предводат бадниковите поворки, се организираше мини работилница во која се вклучија Викторија Лоба, Дејан Лилиќ и Филип Божиновски.

Лоба, Лилиќ и Божиновски ќе бидат дел од годинашните бадникови поворки и заедно со уште многу познати личности од музиката, филмот, телевизијата, спортот и театарот ќе чекорот и пеат заедно со децата, и во тоа колективно радосно празнување ќе го наговестат Христовото раѓање.

dav

Божикната ѕвезда освен за украсување на домот ќе им биде потребна на децата и за учество во бадниковите поворки кои традиционално и оваа година, на 6 јануари – Бадник, ќе се одржуваат низ улиците на Скопје и сите останати градови во Македонија. Божикната ѕвезда ја симболизира Витлеемската ѕвезда која со необична светлина блескала и ја осветлувала пештерата во која се родил Исус Христос.

dav

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона