На Фестивалот за европски филм „Синедејс“ во МКЦ ќе се одржи работилница со наслов „Јас снимив филм. Никогаш нема да го видите, освен ако…“ наменета за дистрибуција на филм, а ќе ја води италијанската режисерка и продуцентка Клаудија Тоси.
Ова е првата од четирите работилници во придружната програма на годинешниот вестивал. Следната е на 14 ноември за промена на планови во еден кадар како вид монтажа, на 15 ноември има работилница за нарација „Како може да изградиме цврсти наративи за филмови?“.
На 17 ноември ќе се одржи меѓународен семинар за актери, додека на 18 ноемвир предавање за скрининг-техники на снимање аудиции и филмови ќе одржи кастинг-директорката Ненси Бишоп.