Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Илхан Рахман денеска одржа работен состанок со невладините организации на турската заедница во Македонија.
Како што соопштија од АОПЗ Рахман ги информирал гостите за планираните активности во наредниот период, заложбата да се подигне видливоста на проблемите на помалите етнички во општеството, а воедно и вклучувањето на невладините организации во тој процес.
На состанокот било разговарано за проблемите на турската заедница од областа на остварувањата на правата во образованието, културата, правичната застапеност и потребата за зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор.