Пукање пред ресторан во село Батинци

Од:

Вчера во единицата за информации и команда во Скопје било пријавено дека пред ресторан во село Батинци има пукање од огнено оружје при што било повредено едно лице.

Според информациите од Градската општа болница „8-ми септември“ кај нив бил донесен повреден Р.А. (35) од село Батинци со прострелни рани во долните екстремитети и врз него била извршена операција пореди сериозноста на повредите.

На пукањето претходела тепачка која започнала внатре во ресторанот и по кратко време продолжила надвор каде што дошло до пукање. Веднаш по настанот, сторителите побегалне со патничко возило „Ауди А8“, а по добиената информација тим од единицата Алфи го пронашол возилото, на кое што биле забележани оштетувања од огнено оружје.

На местото на настанот било пронајдено и патничко возило „Пежо“, сопственост на С.А. од с.Батинци. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пукање во Студеничани, еден е тешко ранет, а приведен е напаѓачот

Горан Наумовски

Оружен инцидент во скопско Батинци: Тешко повреден е маж

Приведен криминалец од Батинци, баран со потерница за издржување затворска казна

А1он

Еден починат и тројца повредени по тепачка со пиштоли и ножеви во кафеана во Батинци

А1он

Поднесен Обвинителен акт за обид за убиство во Батинци

Наум Локоски

Жител на село Батинци киднапиран од пред неговиот дом по што се разбудил со повреди

Наум Локоски