Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото

Од:

МВР информира дека синоќа 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото.

Пешакот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксваген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид.

По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот.

По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 37 годишник од скопско Марино – возеше со над 3 промили алкохол во крвта

А1он

Со автомобил прегазен пешак во Прилеп – возачот побегна

А1он

Уапсен е тетовец – бараше пари од екс партнерката за да не објави експлицитни снимки

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

Со три промили алкохол во крвта ги малтретираше сопругата и ќерката – го уапсија

А1он

Почина 19 годишна девојка од светиниколско – со возилото излета од патот

А1он