Променливо облачно со дожд и снег, температурата до +10

Од:

Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла.

Локални врнежи од дожд се очекуваат помеѓу вторник и среда.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени