Прохор Пчински и годинава без македоснка делегација

Од:

Вратите на манастирот Прохор Пчински и годинава останаа затворени за официјално празнување.

Македонската влада и годинава не побара одбележување на годишнината од АСНОМ. Владата одлучила воопшто да не бара дозвола од српските власти за посета на местото каде што се донесени најважните документи за државотворноста, бидејќи се проценило дека Српската православна црква, која го има во владение манастирот, и понатаму е негостопримлива за официјални лица од земјава.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ од кумановски Зебрњак кога српската влада ја одбележуваше 100 годишнината од кумановската битка, порача дека лично ќе се заложи за да се прослави 2 август во Прохор Пчински.

Македонија и Србија во 2001-та имаат потпишан договор за непречен пристап до манастирот, но тој не се почитува.

Би можело да ве интересира

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска

„Победа за сите“ – заеднички лајтмотив на чествувањата во Крушево, Пелинце и Скопје

Ана Ололовска

Денот на Републиката неработен за сите граѓани

Ана Ололовска