Директорот на МТВ недостапен за судот

Од:

Продолжува голготата на десетина поранешни вработени од порталот „Кирилица“. По којзнае кој пат повторно е одложено судското рочиште против двајцата поранешни директори, кои Обвинителството ги сомничи дека ја оштетиле државата, не плаќајки пензиски и здравствени придонеси за вработените и не им исплатиле плати неколку месеци.

Според Мирјана Трпчевска, поранешен вработен во „Кирилица“, на судот му требале две години да го покрене случајот, поради обемноста на доказите како што им тврдела судијката Чачева. За потоа, вели Трпчевевска, седум, осум, рочишта се одложува бидејќи не можат да го најдат Марјан Цветковски, кој сега е генерален менаџер на Македонската радио теелвизија.

Диана Младеновска, не може да разбере како може да не можат да го донесат еден од осомничените, актуелниот генерален менаџер на јавниот сервис МТВ, Цветковски до судот, кога неговото работно место, зградата на МРТВ се наоѓа само неколку метри од судот.

Новинарите не можат да сфатат како човек кој што државата го сомничи за криминал, му е доверена одговорна функција да раководи со Македонската телевизија. Трпечвска вели, со ова се докажува немоќта на институциите и тоа е она што загрижува. Како може, прашува Трпчевска, човек кој е на таква одговорна функција да не го почитува законот?

Новинарите се револтирани и од опасноста за застарување на предметот, бидејќи новото рочите е закажано за ноември, еден месец по терминот кога овој предмет ќе застари.
Цели две години на судот му требаа на судот да го покрене случајот. Судијаката на оштетените новинари им се правдала дека се работи за обемен предмет и докази.

Христена Антвоска Јованчева

Би можело да ве интересира

Вукосављевиќ: На Кирилицата и се заканува опасност од исчезнување

Наум Локоски

Новинари од Кирилица: Директорот на МРТ осуден, а сега амнестиран од истата судијка

Емир Латифовиќ