Привремен сообраќаен режим на „Партизанска“

Од:

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот Партизански одреди, од денеска ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

„Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот Партизански одреди, од мостот Обединети Нации до улица Московска, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица Московска (кај ТЦ Сити мол), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.

За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП кои сообраќаа по овој дел од булеварот Партизански одреди, ќе се пренасочат преку улица Адолф Циборовски и булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, а ќе се вратат на нормалната траса преку улица Московска.“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Асфалтирањето се врши во рамките на проектот за реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот Обединети нации, на должина од два километри.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај поради трката „Прв до врв“ во Скопје

А1он