Приведен водич во автобус поради „давање поткуп“

Од:

Приведен е водич во автобус во кривопаланечкиот регион поради „давање поткуп“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 6:30 часот на подрачје на СВР-Куманово – ОВР-Крива Паланка, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената контрола, констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У., државјанин на Република Турција. Од страна на Н.Ц., косовски државјанин, кој бил во улога на водич во автобусот, приложена била патна исправа за идентификација во која имало банкнота од 50 евра. Н.Ц. е лишен од слобода по член 358 став 1 од Кривичниот законик „давање поткуп“ и е спроведен во Полициска станица – Крива Паланка – појаснија од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што се додава во соопштението, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он

Уапсени се седум возачи – двајца возеле пијани, а тројца без возачка дозвола

А1он