Приведен криминалец баран со потерница поради учество во странски војски

Од:

МВР извести дека вчера во атар на селото Танушевци од страна на полициски службеници од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од село Арачиново кон Косово.

„Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и лицето е запрено и лишено од слобода. Утврдено е дека станува збор за Б.С.(29) од Витина, Косово и дека за него е распишана меѓународна потерница од Косово поради кривично дело ” учество во странска војска”, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Приведен Косовец во Македонија поради недозволена трговија на лекови