Приведен е скопјанец поради обид за убиство

Од:

Приведен е скопјанец кој минатиот четврток пред угостителски објект на улицата „50 Дивизија“ со нож му нанел убодни рани на друго лице.

Министерството за внатрешни работи информира дека против скопјанецот со иницијали А.Ч. е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

– Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. „50 Дивизија” со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ.. Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен. Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по итна постапка против А.Ч. за кривично дело „обид за убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ – информира МВР.

Би можело да ве интересира

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он

Уапсени се седум возачи – двајца возеле пијани, а тројца без возачка дозвола

А1он