Притвор за крушевчанец – две години ја демнеше поранешната сопруга

Од:

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Крушево поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во временскиот период од август 2023 година до август 2025, обвинетиот повторено неовластено ја следел и прогонувал неговата поранешна сопруга, се мешал во нејзиниот личен живот и воспоставувал несакан контакт, движејќи се во просторот каде таа се наоѓала.

Жената психички ја злоставувал, вознемирувал и застрашувал и со тоа предизвикал чувство на несигурност, вознемиреност и страв кај неа.

Постојано телефонски ја контактирал и ја навредувал, повремено упатувајќи и закани по живот.

Се обидувал да влезе и во нејзиниот дом, а ја следел и се појавувал и на нејзиното работно место во Центарот за социјални работи.

Во текот на претходната постапка на обвинетиот му беа определени мерки на претпазливост кои не ги почитуваше, па надлежниот јавен обвинител заедно со обвинението поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Христоски: Ние не се служиме со празни зборови, туку со конкретни проекти и конкретни дела

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

Христоски: Kрушево е модерен град, гордост и симбол на Македонија

Горан Наумовски

Спасен е параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо 30 метри во близина на Крушево

Горан Наумовски

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ