Пристигна „Чудовиштето со три глави од пеколот“-топлотниот бран се заканува на Европа

Од:

Топлотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка. Се предвидува дека во наредните денови во тие делови од светот ќе бидат забележани рекордни температури.

Се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција, јавува Би-Би-Си.

Во Италија температурите би можеле да достигнат и до 48,8 степени, а црвено предупредување е издадено за 10 градови, меѓу кои Фиренца и Рим.

Маж на околу четириесет години почина од топлотен удар во северна Италија во вторникот.

Италијанските медиуми објавија дека работникот цртал пешачки премин во градот Лоди, во близина на Милано, пред да падне од жештината. Тој бил префрлен во болница каде подоцна починал.

„Се соочуваме со неподнослив топлотен бран“, напиша на Твитер италијанскиот политичар Никола Фратојани.

Неколку туристи во земјата веќе се онесвестија поради топлотен удар, меѓу кои и еден Британец пред Колосеумот во Рим.

Топлотниот бран, наречен „Cerberus“ ( Кербер) од Италијанското метеоролошко друштво по троглавото чудовиште на грчката митологија, опишано и во „Пеколот на Данте“, се предвидува дека ќе предизвика екстремни услови во следните неколку дена.

Највисоки температури се очекуваат утре.

Во Прага во сабота се очекува да биде околу 36 степени, што е значително повисоко од просекот од 24 степени за јули.

Највисоката температура во Европа од 48,8 степени е забележана во близина на Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија во август 2021 година.

Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа како последица на горештините минатата година. Се стравува дека овој топлотен бран може да предизвика уште многу смртни случаи ова лето.

Топлотен бран е период во кој температурите се повисоки од очекуваните за тој период од годината.

Експертите велат дека периодите на екстремно топло време се се почести и дека рекордните температури се нормални поради климатските промени.

Во Македонија од денеска се најавуваат температури над 40 степени и со рекордно ниво на зрачење.

Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а наместа и над 40 степени поради шти ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени, велат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка , најмногу снег во Маврови Анови

Најстудено на Попова Шапка, утрово 11 степени под нула

Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

А1он

Локални поројни врнежи, ветер, грмежи и град викендов

Ландов

Умерено облачно време со температури до 26 степени

Кристијан Ландов

Облачно со повремен дожд и ветер