Здружението за дислексија „Ајнштајн” во соработка со Германскиот јазичен центар вечер во киното „Култура“ организираат завршна приредба „Мојата бушава азбука” (Mein Affen-ABC).
Настанот ќе биде изведен од најмалите ученици на Германскиот јазичен центар, а целта е да се подигне јавната свест за дислексијата во Република Македонија.