Прилепчанец возел со над 3 промили алкохол во крвта – уапсен е во Неготино

Од:

Прилепчанец со над 3 промили алкохол во крвта возел во Неготино, па задржан е во полициска станица, соопштија од СВР Велес.

– Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. При сообраќајна контрола, на улица „Пекарев“ во овој град, било сопрено патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, што го управувал Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3.08 промили алкохол во крвта – појаснија од СВР Велес.

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Прегазено дете во гостиварско – возачот побегна

А1он

Тешко повредени се две млади момчиња од тетовско – со четирицикл излетаа од патот

А1он

Возач од неготинско со 2,76 промили алкохол во крвта удри во пешак

А1он

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он