Во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека на 10. овој месец во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет.
Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера, пак, во 09:20 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од скопско, пријави дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б.(48) од скопско, кој притоа и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.