Претседателката на Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност

Од:

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска по најавите на власта за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност.

– Во секој случај може да предизвика штета со оглед на тоа што институциите мора да го имаат својот континуитет, мора да се работи на подобрување на законските решенија онаку каде што се гледа дека има одредени проблеми. Меѓутоа, колективна одговорност, не може да има. Одговорноста мора да биде индивидуална со посочување на оние чинители кои се огрешиле пред законот, вели Димитриевска.

Во средата и претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во изјава за медиумите рече дека не ја поддржува тезата за колективна одговорност. Одговорноста, вели Дамева, треба да биде детектирана и санкционирана индивидуално.

– Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој нека си сноси индивидуална санкција, ако нешто сторил противзаконски, го нарушил угледот и интегритетот на Судскиот совет, донел одлука под влијание на разни емоции и слично, рече Дамева во изјава за медиумите дадена по конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За членови на Советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Влен

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

Наместо шефови, вишите обвинителства добија вршители на должност бидејќи немаше кворум за избор

Кристијан Ландов

Советот кој разрешува обвинители гневен: Им тече вода во канцелариите, климите расипани, пари нема

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нема одлука за постапка за разрешување на Катица Јанева

Васко Маглешов

Советот на обвинители нема веднаш да избере замена за Јанева, ќе утврдува дали работела несовесно