Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Од:

Претседателката на Акнтикорупциската комисија Татјана Димотровска поднесе оставка. За ова извести Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши каде Димитровска и ја испратила оставката.

– Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција.Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани, се вели во известувањето од кабинетот на Гаши.

Оставката доаѓа откако изби голем скандал бидејќи против Димитровска беше поднесено обвинение во врска со случајот „Адитив“.

Обвинителството ја сомничи Димитровска за две дела поврзани со овој случај- според истрагата таа незаконски се стекнала со сертификат за државна тајна а потоа и го злоупотребила оддавајќи тајни информации на осомничен во случајот Адитив.

Би можело да ве интересира

Бесник Џемаили избран за заменик претседател на ДКСК

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Пријава од Антикорупциска до Јавното обвинителство за поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ Неготино

Африм Гаши и шефот на ревизорите Максим Ацевски добиле најногу подароци минатата година

Поранешната претседателка на Антикорупциска не се чувствува виновна за обвиненијата за кои се сомничи