Претпладне сончево, попладне пороен дожд

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20литрина квадратен метар, како и со засилен ветер од над 60 километри на час и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно и топло време.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 26 степени

Сончево и топло со температури до 26 степени

Променливо време со ниски утрински температури

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

И сонце и облаци, темепратури до 23 степени

Променливо облачно, со локален дожд