Предавање на Лудовикос Коцонопулос во Скопје

Од:

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира семинар на Школата за политика и критика со Лудовикос Коцонопулос, член на SYRIZA и професор по политички науки на Пантеон Универзитетот во Атина, кој ќе се одржи на денеска во просториите на Институтот.

Семинарот започнува во сабота (31 мај) во 18 часот. Семинарот „Предизвиците на радикалната левица во политичкиот процес” ќе се осврне на развојот на радикалната левица во Грција, поголемите предизвици со кои таа се соочува и кои се моменталните клучни прашања.

SYRIZA е партија која произлезе од широката коалиција на радикалната левица во Грција, која на последните Европски избори одржани во недела, доби најголема поддршка од граѓаните.

На предавањето ќе се зборува за неколку политички прашања како: Која е возможноста за радикален лев пресврт во Европа, и како победата на радикалната десница во некои земји влијае во општиот политички контекст во Европа?

Колку радикална може да биде една партија која учествува во политичкиот процес? Кој е политичкиот простор за контестирање на капитализмот во Европската Унија од трана на радикалната левица?

Кои се клучните политички заложби на радикалната левица? Дали во Макеоднија и другите Балкански земји постои потенцијал за мобилизирање на радикално левичарски политички структури? Лудовикос Коцонопулос е политички активист на радикалната левица и професор по политички науки во Пантеон Универзитетот во Атина, Грција.

Тој активно издава и пишува на теми од теоријата на државата, државата на благосостојба, историја на социологијата, и јавната политика. Во неговата последна анализа за радикалната левица, особено за SYRIZA, Котцонопулос идентификува три историски важни елементи во нејзиниот развој: (1) жестокиот идеолошки и политички размав претпрен од ортодоксно комунистичките партии, но истотака од евро-комунистичките и револуционерните/екстремно левичарски партии; (2) предизвикот на традиционалните организациони структури на Левите партии како резултат на појавувањето на антиглобализациското движење, и ad hoc спонтаните национални социјални движења кои се појавуваат како нови актери во политичкото поле; и (3) општествениот и политичкиот простор отворен за Радикалната Левица како резултат на свртувањето кон неолибералнизмот на социјал-демократијата, кој сеуште трае.

Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството. Предавањата се одржуваат во тек на 2014. година и методолошки се организирани во дводневни семинари во еден викенд, секој месец, освен во јули и август. Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.

Би можело да ве интересира

Промоција на факултети и компании пред младите кавадарчани

Емир Латифовиќ

Врачени признанијата за најбезбедни и најчисти училишта

Емир Латифовиќ

Давитковски: Немам веќе сила и нерви за притисоците врз мене и Правниот факултет

Емир Латифовиќ

Парични казни за градинката „Детска радост“ и за директорката

Емир Латифовиќ

Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се сретнаа со француски правни експерти

Емир Латифовиќ

ФОТО: Проектот на ОБСЕ на безбедни училишта – успешен во Кичево

Емир Латифовиќ