Пратениците од опозицијата ја напуштија денешната седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија на која почна амандманската расправа по Предлог законот за медиуми.
Амандманот на опозицијата беше да се повлечат сите членови од предлог-законот со што ќе се повлече и целиот закон.
– Одлучивме да ги оставиме сами да ја завршат брзо расправата и да го усвојат предлог-законот за да не сме ги кочеле. Сепак, напуштањето на комисијата не значи дека нема да учествуваме на пленарната седница кога ќе се гласаат законите – велат опозициските пратеници.