Позната програмата за прославата на 30 години независност

Од:

Со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од нашиот композитор Живоин Глишиќ и дефиле на националните ансабли и културно-уметничките друштва, на рударите, земјоделците, волонтерите на Црвен крст, извидниците, здравствените работници, спортистите, пожарникарите, полицијата и армијата, во среда на 8 септември во 17:30 часот пред Парламентот ќе започне прославата по повод 30 години независност.

Според протоколот, како што брифираа денеска од Владата, официјалниот дел ќе почне во 18:30 часот со интонирање на химната на Северна Македонија од страна на Воениот оркестар, по што ќе следуваат говорите на државниот врв. Обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

После обраќањето на премиерот, односно од 19:30 часот започнува музичкиот дел со изведба на песна специјално аранжирана за оваа прилика и музички дел со познати солисти кои заедно со Националната филхармонија ќе изведат неколку антологиски забавни нумери.

Покрај официјалните гости и медиуми, според протоколот и актуелната состојба со пандемијата, предвидено е присуство на околу 1000 граѓани кои ќе можат да се акредитираат за бесплатен билет и сите ќе требаат да приложат вакцинален сертификат или потврда за прележаност од Ковид-19.

Почнувајќи од утре, наредниве денови и за време на прославата ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. Од утре ќе се прават проби, а наредните денови ќе почне и поставувањето на бината.

Би можело да ве интересира

Владата во боите на македонското знаме по повод Денот на независноста

ВИДЕО: НАТО со честитка за Денот на независност на Македонија

Бесплатни културни настани и слободен влез во музеите, галериите и на локалитетите за Денот на независноста

Доделување на државната награда „8 Септември“

32 години македонска независност

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста