Пожарот кај Скопска Црна Гора сеуште активен, гори ниска мешана шума

Од:

Пожатор на Скопска Црна Гора што избувна денеска околу 13 часот се уште е активен.

Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Поради силен ветер пожарот се шири од кумановската кон скопската страна и вечерва е видлив од Скопје.

Протвпожарните екипи се на терен, а во текот на денот беше интервенирано и со авиони.

Командантот на противпожарната бригада на Град Скопје,Владимир Симоновски за МИА изјави дека акцијата продолжува утре со авијација, бидејќи авионите немаат опрема за ноќно летање.

-Пожарот е активен денеска од 13:15 часот на делот на кумановската страна и сега има ветер што го носи кон Скопје. Гореше ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Има дежурни екипи во координација со екипи на Гази Баба на страната на селата Раштак и Арачиново и
се следи пожарот да не дојде до населено место.

Авионите беа на располагање до 17:40 часот, изјави Симоновски.

Би можело да ве интересира

Огнот на Скопска Црна Гора се доближил на 300 метри од куќите кај Блаце, пожарникарите велат синоќа го изгасиле

Предраг Петровиќ