Повик за регистрација на публика на манифестацијата 8 Септември – 30 години независност

Од:

Владата ги поканува граѓаните на Република Македонија да учествуваат на централната манифестација по повод јубилејот „30 години независност“, 8 Септември – Денот на независноста, која ќе се одржи утре во 17 часот пред Собранието на Република Македонија.

-Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи кои ни попречија многу моменти на заедничко прославување. Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на коронавирусот. За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано, за да не се нарушат здравствените протоколи, се наведува во владината информација.

Влез на настанот е овозможен само за граѓаните кои ќе се регистрираат на следниот ЛИНК.

Според протоколот, бројот на седишта е ограничен, а регистрацијата ќе биде затворена во моментот кога ќе се исполни бројот на слободни места. Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација околу позицијата на местото за седење и линк кој води до мапа на којашто е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење.

-Центарот на Скопје (голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните кои ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила. Граѓаните треба да пристигнат пред Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 16:30 часот, појаснуваат од владата,

Граѓаните коишто сакаат да го следат настанот, а нема да имаат можност да присуствуваат, ќе можат да гледаат директен пренос на првиот канал на Националната радио-телевизија или преку видео стрим на линкот: https://youtu.be/E–DEfh1uIE.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски