Повеќе од два часа се чека за излез од државата кон Бугарија на граничен премин Делчево – Станке Лисичково

Од:

Километарска колона возила повеќе од два часа чека за влез во Бугарија на граничниот премин Делчево-Станке Лисичково.

Според информациите кои ги доби дописникот на МИА, како една од причините се наведува присуство на повеќе автобуси затекнати на овој граничен премин, додека дел од причините за застојот се и проблеми со системот за влез на граничниот премин Станке Лисичково.

-Тука сме околу два часа, горе има околу осум автобуси, а колоната е долга над еден километар. Кога патуваме за Бугарија честа причина е и пад на системот од бугарска страна што предизвикува застој и на македонска страна, вели возач од Делчево.

Поголеми гужви за влез во земјава не се забележани, а поголема фреквенција на возила се очекува во попладневните часови.

Би можело да ве интересира

На Богородица и на Табановце се чека до половина час

На „Табановце“ се чека до еден час, околу 30 минути на „Богородица“

На „Табановце“ за влез во земјава се чека од 60 до 90 минути, на „Богородица” за излез околу 40 минути

На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 30 минути

На Табановце се чека околу 40 минути, а на Богородица за излез кон Грција половина час