Повеќе од 6 часа трае распитот на Горан Груевски, началникот на Петтата управа на УБК, кој заедно со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е осомничен за уништување на опремата за прислушување во МВР.
Иако поради судењето за Диво насеље распитот почна во Апелациониот суд, подоцна беше префрлен во Основен суд Скопје еден.
Од СЈО не даваат информации до кога ќе трае и каков е текот на распитот.
Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за претрес на станот на шефот на Петтата управа на УБК, Горан Груевски, со образложение дека СЈО има ограничени надлежности, но и поради тоа што не конкретизирале кои предмети ќе ги барале за време на претресот.