Потпишан договор за фекална канализација во три населени места во Крива Паланка

Од:

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, потпиша договор со градежната фирма „Лабино Трејд“ ДООЕЛ од Гостивар за изградба на фекална канализација во три населени места во општината со вкупна должина од 7,7 километри.

– Со овој договор официјално отпочнуваат три проекти за изградба на канализациона мрежа со ревизиони шахти и пречистителни станици во село Мождивњак, во должина од околу 5,5 километри, фекална канализација во урбаниот дел од градот, на локалитетот покрај Дурачка Река во населба Маневци во должина од околу 1,5 километри ифекална канализација во село Длабочица, со должина од околу 700 метри. Вкупната вредност на проектите е 18,5 милиони денари без ДДВ, рече Алексовски.

Финансии, потенцира тој, се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

– Во тек е и тендерската постапка за останатите три проекти кои АФПЗРР ќе ги финансира, станува збор за патот изградба на т.н. Руски пат до манастирот Св.Јоаким Осоговски, два километри пат до Калин Камен и еден километар пат во село Жидилово. Со ова ќе бдиат решени проблеми на населенитето кое гравитира во овие места, пред се на жителите во руралните средини, а проектите се реализираат како резултат на нивните барања, појасни Алексовски.

Би можело да ве интересира

Кампања „Со почит“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Одбележан денот на ослободувањето на Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Се гради пешачка патека во кејот на Крива Река

Емир Латифовиќ

Во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на „Гоце Фест 2016“

Емир Латифовиќ

Нова наставна насока во гимназијата „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

ФОТО: СДСМ Крива Паланка организираше крводарителска акција

Емир Латифовиќ