После 27 години реновирана метеоролошката станица во Лазарополе

Од:

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски, беа во посета на метеоролошката станица во Лазарополе, која што УХМР минатата година ја реновираше.

Оваа метеоролошка станица е изградена во 1993 година и после 27 години е реновирана. Со реновирањето е направена енергетски ефикасна фасада, замена на дотраените прозорци со нови, обновена е електричната инсталација и внатрешниот енетериер на станицата, со што се обезбедени пристојни услови за работа. Станицата е опремена со современи инструменти за мерење на метеоролошките параметри и во дворот на станицата е поставена и автоматска метеоролошка станица. Средствата за реновирање на објектот се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

Управата за хидрометеоролошки работи во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој во изминатите две и пол години реализираше повеќе активности за кои беа одвоени 11 милиони денари. Од вкупно 18 метеоролошки станици, во овие две и пол години се реновирани 9 станици. Освен станицата во Лазарополе реновирани се, метеоролошките станици во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Берово, Виница, Претор, Охрид и Пожаране.

Воедно се поправи и се надгради радарскиот систем Ѓуриште, кој е наменет за создавање на радарски систем за рана прогноза и предупредување од опасни временски појави, и е од исклучително значење за детектирање и следење на облачните маси кои предизвикуваат големи временски непогоди и рано откривање на конвективна облачност.

За оваа година се обезбедени 60 милиони денари за дејствување на градоносни облаци со авионско засејување. Тендерот е завршен, се избра најповолен економски понудувач и од 15-ти април се очекува започнување на активностите.

Би можело да ве интересира

Во делови од Македонија десет години не паднало олку дожд на почетокот на август

А1он

УХМР: Дождот може да предизвика слевање на вода низ градските улици

Ландов

УХМР: Најмногу дожд паднал во Демир Капија и Охрид

А1он

УХМР: Внимателно движење околу помалите реки, можни се порои

А1он

Утре и задутре температури до 40 степени, УХМР препорачува да не се излегува на сонце од 10 до 16 часот

А1он

За утре најавено невреме и силен дожд, УХМР вели: нема опасност од излевање на реките

А1он