Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Со оваа одлука, новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 73,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 – 75 денари за литар, а новата цена на дизелот ќе биде 67 денари за литар.
Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,399 денари и новата цена ќе изнесува 35,750 денари за килограм.