Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во недела со почеток во девет часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка

Во Скопје денеска и утре посебен сообраќаен режим поради лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

МВР: Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје