ПОПГМ ја поддржува иницијативата за воведување на државна социјална пензија

Од:

„Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), поаѓајќи од својатата програма и планираните мерки за реформи во пензиските политики, дава силна поддршка и се придружува на иницијативата на Премиерот Заев и Владата за отпочнување на активности за воведување на државна социјална пензија во Република Македонија. Ваквата реформска мерка, која има за цел помагање на социјално најзагрозените граѓани од „третото доба“, ќе овозможи основна и егзистенцијална сигурност за значаен број од нив.

ПОПГМ ја подржува Владата и во имплементација на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“ со кој, со давање на наменски бенефиции за студентите, се создадат претпоставки за подобрување на условите за студирање и финансиско олеснување за буџетите на нивните семејства“, се вели во соопштението на ПОПГМ.

Би можело да ве интересира

Партијата на обединети пензионери ја поддржува политиката за штедење на Владата

Наум Локоски

ПОПГМ: Зошто Владата на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела средства за покачување на пензиите во Буџетот за 2017. година?

Наум Локоски

ПОПГМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто законското усогласување на пензиите не беше законска обврска за нивната влада

Наум Локоски