Полициската станица Танушевци осум дена без струја, а МВР набавува 600 ремени за 300.000 евра

Од:

Осум дена полициската станица за обезбедување на границата во Танушевски е без струја, а два дена е без вода, алармираше денес Независниот полициски синдикат. Престедателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев – Тодев јавно праша дали истите луѓе во Министерството за внатрешни работи кои набавуваат 600 ремени за 300.000 евра ќе се погрижат и за соодветни набавки на струја и вода за станицата во Танушевци.

„Осум дена, повторувам осум дена, полициската станица во Танушевци е без струја, два дена без вода. Дали ова ќе биде основа за тие што се грижат за набавки и набавуваат нешто што не знаеме каде ќе заврши, ќе имаат доблест да го набават и ова што јавно го кажувам. Не може полициската станица Танушевци да има невиден проблем со струјата со кој и ЕВН е запознаена, да има проблем со набавка и дотур на вода, а надлежните во Министерството за внатрешни работи да останат без коментари“, реагираше претседателот Делчев – Тодев.

Независниот синдикат на полицијата нема свои претставници во комисијата за јавни набавки во МВР па Делчев – Тодев вели дека не знаат за кого се наменети скапите ремени.

„Што би кажал освен јавно да го прашам министерот за внатрешни работи дали овие ремени ќе бидат планирани за 600 вработени во полиција кои се пензионери и три години, година за година продолжуваат да работат, ќе бидат за 300, 400 или 600 началници во полицијата како раководни лица во рамките на полицијата, ќе бидат ремени наменети за некоја нова генерација на полицијата. Не знам која е намената на набавката на овие 600 ремени по оваа висока цена“, рече претседателот Делчев – Тодев.

Во име на Независниот полициски синдикат тој јавно го праша министерот за внатрешни работи и како се случило во периодот додека траеше полицискиот час да се определат комисии за водење дисциплински постапки во рамките на Министерството со само еден потпис, дали се валидни и дали се согласно регулативата.

Претседателот Делчев – Тодев рече дека досега, поради полицискиот час и состојбата со коронавирусот имале толеранција и не ги изнесувале јавно проблемите во полицијата, но со олабавување на мерките најави дека ќе продолжат јавно да бараат одговори на прашања поврзани со полицијата.

Би можело да ве интересира

Прв конгрес на гранскиот Независен синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Делчев Тодев: Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници

Ана Ололовска

Средба на министерот Спасовски со делегација на Независниот синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Независен синдикат на полицијата: Не може да има пари за СЈО и за Фонд за инвестициии, а за награда за полицајците да нема

Маја Илиевска-Пачемска

НСП: Да се потпишат 532 решенија на приправниците и тие да почнат со работа

Ана Ололовска

Независниот синдикат на полицијата бара поголема заштита на полицајците кои се на терен

Ана Ололовска