Полициска акција – пронајдена е дрога кај 15 луѓе

Од:

На 03/04.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.М.(35), А.В.(47), С.Д.(32), Д.Ј.(50), В.Н.(20) и И.Р.(37), сите од Скопје, како и С.Р.(34) од с. Инџиково, скопско и Т.Л.(50) од Германија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и таблета.

На 03.07.2026 во 01:45 часот, на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, лишени од слобода се Д.Н.(21) и С.П.(25), двајцата од Кичево. При извршен преглед, полициските службеници кај нив пронајдоа и одзедоа марихуана и други предмети.

На 04.07.2026 во 01:50 часот, на кеј „8 Ноември“ во Струга, од слобода е лишен С.Д.(26) од гостиварското село Чегране, кој откако ги забележал полициските службеници, се обидел во устата да сокрие паковка со бела прашкаста материја.

На 04.07.2026 во Крушево полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода Ф.Ѓ.(34) од Скопје, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

На 03.07.2026 во 09:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Л.М.Б.(36) од Унгарија и 28-годишната Е.Џ.М.К. од Финска, затоа што при гранична контрола и извршен преглед на патничко возило со унгарски национални ознаки, во кое тие биле сопатници, во личниот багаж на Л.М.Б била пронајдена и одземена наркотична дрога, додека кај Е.Џ.М.К. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 03.07.2026 во 20:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Р.(21) од Битола. При преглед на патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Р., била пронајден марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Кривична против тројца скопјани за нападот врз 14-годишник во Ченто

А1он

Шест пријави за семејно насилство, еден уапсен

А1он

Уапсени девет возачи за безобѕирно возење – сите биле без возачка дозвола

А1он

Таткото полицаец го пријави синот дека му се заканува со службениот пиштол

А1он

Поради нетрпение ја нападна колешката на наплатна станица – Петровац

А1он

Нападнат 38 годишник од Пробиштип во центарот на Скопје – му го украдоа велосипедот и паричникот

А1он