Поддршка од НВО Уфук до Пратеникот Енес Ибрахим – Нема потреба за манипулација

Од:

НВО Уфук која веќе со години се мачи да ја покаже реалната состојба со Турците во Македонија, потполно го поддржуваме и го поздравуваме вчерашниот говор на Пратеникот Енес Ибрахим во пленарната сендинца на Собранието на Македонија, велат од здружението.

На вчерашната седница беше дускутирано екстерното тестирање за кое како НВО уште од првиот ден бевме против и дававме сериозни забелешки дека тестирањето ќе носи сериозни проблеми и неправди за учениците од Турската заедница. Додека за образованието на Турски јазик барем оваа постоечка власт нема никакво право да говори или да дава мислење, бидејќи токму оваа гарнитура целосно го пропасти образованието на Турски јазик во Македонија.

Во однос на другиот дел на вчерашниот говор на Пратеникот Енес Ибрахим каде од Собраниската говорница, за време на неговиот прв говор од говорницата на Турски јазик се обиде да го поздрави народодот каде грубо беше попречен од страна на Претседателот на Собранието и следуваше навреди кон пратеникот од страна на редовите на владеачките пратеници. Со гестот, поздравувајќи ја Турската заедница Пратеникот Енес Ибрахим најверојатно ги разбуди пратениците од владеачката коалиција од длабокиот сон кој веќе долги години им траеше. Овај гест на Пратеникот е пријатно прифатен од страна на нашата организација, и го охрабруваме и во иднина да го практикува истото.

Исто така за време на вчерашната седница во делот на расправата (реплики) меѓу пратениците, Пратеникот Енес Ибрахим беше критикуван од една пратеничка од редовите на владеачката партија. Во говорот на таа пратеничка и вистината има длабоки разлики. пратеничката сакајќи да ја промовира неговата партија го повика Пратеникот да “одат“ во Општината Центар Жупа, оштина во која апсолутно доминира Турската заедница во секаква смисла на зборот, исто така и општина во која Р.Турција има вложувано повеќе отколку оваа власт. Јавно ја прашуваме пратеничката ПРЕКУ КОЈ ПАТ ќе оди во Општина Центар Жупа кога се знае дека кон таа општина нема нормални патишта? И со кое лице ќе се појави пред Турците во Центар Жупа кога властта која и самата е дел со години го манипулира и го мами народот во истата општина?

Сме сведоци како власта преку своите медиуми се труди да го извади од контекст вчерашниот говор на Пратеникот Енес Ибрахим, кој говореше за една болна вистина. Сите сме свесни дека етничката, националната, верската припадност е важна за сите луѓе, истите тие вредности се и дел од основните човекови права и слободи. Но тие вредности не треба да се менуваат како временска прогноза (исто како и политичката определба т.е. политичките партии) секој период, според потребата на една гарнитура. Доколку власта е толку загрижена и ангажирана за правата на Македонските Муслимани (како што се изјаснуваат), прво нека спроведи ПОПИС, за да се види реалната бројка на таа група на граѓани. Потоа нека престане да ги манипулира и истите и останатите заедници.

Пратеникот Енес Ибрахим за само неколку дена и два говора покажа храброст и одговорност. Иако се манипулираше неговиот говор достоинствено и се извини за истиот. Препорачуваме пратениците на владеачката коалиција нека почнат да се соочат со вистината дека имаат чесен колега (Турчин) во овај состав на Собранието. И во иднина да не ја манипулираат јавноста со ситни дневни политички интереси.

Би можело да ве интересира

Честитки од НВО Уфук до новоизбраната Влада на Р.Македонија

Наум Локоски