Почина проф. д-р Саве Миронски

Од:

Во 92-та година од животот ненадјено почина проф. д-р Саве Миронски, еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје, поранешен декан и основоположник и директор на Инфективната клиника.

Проф. Миронски беше ценет како исклучителен познавач на медицината и врвен стручњак по интерна и инфективна медицина во балканскиот регион.

Студираше медицина во Софија во 1942 година, за да се врати во Скопје и дипломира на Медицинскиот факултет во Белград.

Миронски беше еден од основачите на Катедрата по интерна и инфективна медицина, откако работеше како еден од првите шефови на Катедрата по ендокринологија. На местото директор на Клиниката за инфектологија исклучително успешно остана 26 години, се до неговото пензионирање во 1986-та.

Посмртните останки на проф. Миронски денеска ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел од 12:30, а погребот ќе се изврши во 13:30 часот.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Владимир Светиев

Емир Латифовиќ

Почина Вангел Деребан еден од најппознатите кујунџии

Емир Латифовиќ

Почина Цветанка Најчевска, редовен професор во пензија на Земјоделскиот факултет при УКИМ

Емир Латифовиќ

12 години од убиството на двајцата работници кај „Бриони“

Емир Латифовиќ

Почина Димитар Качурков, пензиониран професор од ФЕИТ

Емир Латифовиќ

Почина истакнатата пијанистка и професор Стела Слејанска-Стојаноска

Емир Латифовиќ