Почетокот на учебната година останува на 1 септември

Од:

Учебната 2015/2016 година ќе почне на 1 септември, како и во минатите години, одлучила Владата на вчерашната седница на која била разгледана иницијативата на хотелиерите летниот расуст да се продолжи до 15 септември поради слаби резултати во туристичката сезона во мај и јуни.

Заклучокот го соопшти заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој рече дека тој произлегол од консултации со стручни лица од воспитно-образовниот процес и професори од педагошките факултети.

– Констатиравме дека во овој момент, безмалку триесетина дена до почетокот на новата учебна година, е предоцна да се прават какви било корекции. Го разбираме барањето и иницијативата на дел од туристичките работници, меѓутоа секогаш се водиме од најдобриот интерес на учениците. Учебната година, како и секогаш, ќе почне на 1 септември и апелирам до учениците и нивните семејства да си ги реализираат своите подготовки за почеток на наставата, рече Ристовски на прес-конференција.

Тој информираше и дека Владата ги задолжила министерствата за образование и наука и за економија во наредните месеци да направат подлабока анализа, секое од свој аспект, за ефектите од евентуална промена во начинот на организација на учебната година.

Би можело да ве интересира

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Секоја прва среда во месецот „Научна среда“ во ИСППИ

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Стевановиќ: Ректоратот да каже дали дозволил сечење на дрвјата

Емир Латифовиќ