Платите на судиите се до 86 илјади денари, а неправосилни судски пресуди не се коментираат – Здружението на судии му одговори на премиерот

Од:

Основно правно начело согласно домашните и меѓународните правни стандарди е да не се коментира неправосилна судска одлука, се со цел да не се влијае на понатамошната судска постапка и одлучување на повисок степен, велат од Здружението на судии по јавните прозивки од премиерот Христијан Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со пресудата за лекарката Мери Пешевскаво случајот „Онкологија“,

– Заради тоа и во овој случај, иако како судство сме прозвани за донесената неправосилна пресуда за предметот познат како „ Онкологија“ – донесена врз основа на признание на вина, Здружението на судии на РСМ, ќе ги почитува правните стандарди и нема да даде свој коментар.По однос “вечната тема” платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното „зголемување“ од 78 проценти, достигнува до 86.000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко, се вели во реакцијата од Здружението на судии.

Признанието на вина и осудителната пресуда изречена за една од обвинетите во предметот “Онкологија” е потврда за основаноста на наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје., велат од Јавното обвинителство откако беше отворена дебата за пресудата во случајот која ја вознемири и разбранува јавноста.

– Висината на санкцијата за стореното кривично дело ја одредува Судот, а обвинителството се уште не ја добило пресудата и образложението за изречената казна. По приемот, јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе вложи жалба во однос на висината на санкцијата, велат од ОЈО.

Рекација има и од Кривичен суд од каде медиумите и новинарите за сите прашања ги упатуваат кај Судскиот совет.

– По повод медиумските прашањата во однос на изјавите поврзани со неправосилната судска одлука К бр. 1069/25, односно пресудата за раздвоената постапка по повод признание на вина во предметот во јавноста познат како „Онкологија“, Кривичениот суд Скопје ја известува јавноста дека со зголемено внимание ги следи јавните реакции. За сите одговори, срдечно ги упатуваме медиумите да се обратат до Судскиот совет на Република С. Македонија кој е надлежен да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции.

Основниот кривичен суд вчера донесе пресуда со која докторката Мери Пешевска е прогласена за виновна за тешки дела против здравјето на луѓето во предметот „Онкологија“. Таа доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.

Би можело да ве интересира

Реагираат и обвинителите: Земаме најмали палти во регионот, предвидениот буџет е за сите трошоци на сите обвинителства

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

Мицкоски повтори дека судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту платите што ги земаат

Прва пресуда во случајот Онкологија, лекарката Мери Пешевска доби две години условна казна

Нема да има предвремени парламентарни избори, тврди Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Има центри на моќ кои сакаат Македонија да биде поразена и да не напредува

А1он