Пијан жител на Трубарево направи сообраќајка, повредени се две осум месечни бебиња

Од:

Против 57-годишен жител на селото Трубарево Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка за кривично дело Загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, на 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола.

-Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови. Во таква ситуација изгубил контрола над управувачот, отишол во лево и преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во автомобил шкода“. Од незгодата со полесни повреди се здобиле возачот и четворица сопатници од возилото шкода”, меѓу кои две осум месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, односно забрана за нејзино издавање.

Би можело да ве интересира

Приведен е 41 годишник, возеше велосипед со 3,64 промили алкохол во крвта

А1он

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Полиција уапси Хрват кој возеше со 4,2 промили алкохол во крвта

А1он

Скопјанец пијан возел на патот Охрид-Кичево

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Уапсен е кумановец кој возејќи со 2,37 промили алкохол во крвта направи сообраќајка

А1он