Петтото издание на „Струмица опен фестивал“ ќе се одржи од 6 до 14 август

Од:

Од 6 до 14 август ќе се одржи петтото издание на културно – забавната манифестација „Струмица опен фестивал“. На повеќе локации и сцени во градот ќе се реализираат дваесетина културни настани како изложби, театарски претстави, поетски читања и промоции на книги, вечер на афоризми, а во музичкиот дел ќе настапат познати музичари од домашната и меѓународната сцена. Целокупната програма на овогодишното издание на фестивалот, неговото значење и тоа што го прави различен од сите други фестивали во државата, беа презентирани на прес конференцијата која што синоќа се одржа покрај езерцето во големиот градски парк.

За претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, богатата програма значи дека Струмица повторно ќе биде мека за сите поклоници на културните, забавните и музичките содржини, соопштуваат од општина Струмица.

-Струмица веќе цела деценија доживува вистинска „ренесанса“ во младинското организирање и дејствување, и во тој поглед го држи приматот во државава. Покрај многуте реализирани проекти и ангажмани на младите струмичани,

„Струмица Опен фестивал“, како активност на Граѓанското здружение „Културно-забавен живот“ е круна на тој севкупен ангажман на младите од нашата општина, со што е создаден нов препознатлив белег на Струмица. Значајно е да се каже дека „Струмица Опен фестивал“ се одликува со уникатноста на своите програмски содржини кои ги анимира сите вкусови и интереси на граѓаните од 7 до 77-годишна возраст. Тоа го прави овој фестивал различен од сите летни манифестации кои се организираат во други градови во државава, а нудат само музички содржини.

Општина Струмица на чело со градоначалникот Зоран Заев, како и во изминатите четири фестивалски изданија, така и зад ова петто јубилејно издание, стои со своја логистичка и финансиска поддршка. Од буџетот на општина Струмица за „Струмица Опен фестивал“ годинава се издвоени три милиони денари. Очекуваме дека бенефитот и овој пат би бил повеќекратен, како во делот на збогатувањето на квалитетот на живеење на граѓаните, така и во локалниот економски развој на општина Струмица, рече Христов.

„Струмица опен фестивал“ го организира здружението „Културен забавен живот“, а со голема логистичка и финансиска поддршка на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица. Но, еден од најпрепознатливите белези на фестивалот е волонтерскиот тим и неговиот огромен ентузијазам. Во изминатите четири изданија на фестивалот беа вклучени 150 млади волонтери од Младинскиот совет. Така ќе биде и на ова петто издание.

Томи Печков, претседател на здружението „Културен забавен живот“ информираше дека тимот на „Струмица опен фестивал“ осум месеци работеше на програмата, при тоа почитувајќи ги барањата на љубителите и посетителите на фестивалот.

Во досегашните 4 фестивалски изданија низ Струмица поминаа повеќе од половина милион посетители на различните културни и музички манифестации, посетители кои имаа можност да видат и балкански и светски музички звезди како: Кирил Џајковски, Суперхикс, Нокаут, Tom Novy, Romeo Blanko, Здравко Чолиќ, Цеца, Северина, Петар Грашо, Даниела Мартинвиќ, Бајага и Инструктори, S.A.R.S. и многу други. Истовремено фестивалот вклучи и голем број на културно-забавни манифестации од типот на поетски вечери, вечери на афоризми, вечери на џез, театарски представи, ликовни колонии, детски фестивали, многу специфични настани организирани на отворено,..сите овие настани се биле бесплатно понудени на граганите на општина Струмица и република Македонија. Токму овие културни манифестации и овој начин на функционирање го прават Струмица ОПЕН Фестивал поразличен од останатите фестивали. И годинава покрај музичкиот дел, на големата сцена, составен дел од Струмица опен фестивал 2016 се и културно-уметничките настани: детскиот фестивал, хип-хоп концерт, џез концерт, акустична романтика, концерт на Тримери, вечер на поезија и афоризми и уште многу настани, рече Печков.

Музичкиот дел на фестивалот го претстави Горан Кукиќ, кој изборот го правеле заедно со Џамбо Агушев и Горан Алиќ.

-Донесовме одлука оваа година да гостуваат Љубојна, Амадеус, Аца Лукас, Џамбо Агушев со неговиот оркестар, во втората вечер гости ќе ни бидат Хипнотизер, Влатко Стефановски, Архангел, Кад би био Бијело дугме со Ален Исламовиќ и неговата екипа, Brass Brothers и ди џеј Playman, а во недела ги имаме, Силви бенд, Црвена Јабука, Жељко Јоксимовиќ и диџеите Duoz и House Twins. Повелете во Струмица на убава забава и незаборавно дружење, рече Кукиќ.

Сите културни настани ќе се одржат на отворени сцени, а музичките вечери на голема музичка сцена на плоштадот „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

„Струмица-град на културата 2021“ продолжува со џез концерт „Џезна и Флет фалф“

Ана Ололовска

Десеттото издание на „Струмица опен фестивал“ почнува денес

Ана Ололовска

Концерт на учесниците на Летната школа за гитара на Струмица опен фестивал

Ана Ололовска

Со Трка на келнери почнува „Струмица опен фестивал“

Ана Ололовска