Петмина кумановци на возраст меѓу 37 и 50 години за 163.000 евра го оштетиле јавното претпријатие „Водовод“ од Куманово, каде што работат.
Кумановците во период од 2006 до 2011 година склучувале договори или усмено се договарале со правни и физички лица за изградба на водоводна и фекална канализација на неколку локациии во Куманово, при што парите на граѓаните ги задржувале за себе.
Против нив секторот за внатрешни работи во Куманово поднесе кривична пријава затоа што го прекршиле Законот за градење, Законот за локална самоуправа и одлуките на општина Куманово.