Партијата за Демократски Просперитет ја поздравува иницијативата на движењето „Беса“ за организирање на сенароден марш против диктатурата, противзаконските политички притвори, забраната на слободата на мислењето, крајното осиромашување на населението, корумпирање и партизација на судскиот систем, инсталација на организираниот криминал, феномени кои се практикувани од Владата ВМРО-ДУИ.
„Партијата за Демократски Просперитет силно го поддржува изразувањето на демократската волја за уривање на диктатурите и е спремна и самата активно да придонесе на овој протестен марш кој ќе се реализира на мирен начин и според критериумите на европска цивилизација“, стои соопштението на партијата и се додава дека ќе соработува со „Беса“ со цел протесниот марш да биде организиран на успешен начин.