Благодарение на новиот центар за ран детски развој отворен во рамките на иницијативата “Првите 5 се најважни на свет”, приближно 90 деца на возраст од 3 до 6 години од селото Дебреше сега имаат можност да посетуваат квалитетни предучилишни програми.
Центарот свечено го отворија Невзат Бејта, градоначалник на Гостивар, и Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ, со пригодно сечење на лента.
““За краток период успеавме да го отвориме центарот за ран детски развој во Дебреше и вакви центри ќе отвориме и во неколку други училишта. Благодарение на УНИЦЕФ и на Фондацијата Т-Мобиле создадовме услови децата од 3 до 6 годишна возраст да посетуваат предучилишно образование затоа што иднината на секое семејство и на секој народ е едукацијата на децата. Се надевам дека просторот што го уредивме заедно ги исполнува стандардите за предучилишно образование во земјите на Европската Унија,” изјави Невзат Бејта, градоначалник на Гостивар.