Оштетен од ФИКОМ: И Николиќ беше жртва на големи играчи од власта

Од:

Адвокатот на Николиќ, Александар Петровски на својот ФБ профил потврди дека Никола Николиќ од Фиком е пронајден мртов во затворската келија.

nikola-nikolic-fikom

„Мојот клиент Никола Николиќ од ФИКОМ ноќеска е пронајден обесен во затворот Штип. Наводно сам си го одзел животот, нека му е лесна земја. Не можам да ја разберам жедта за лишување од слобода на сите оние што навиваат за такво нешто.Луѓето се претворија во ѕверови, не си ја гледаат маката туку само за апсења зборуваат“, напиша адвокатот.

Николиќ, од кога е осуден требаше да излезе на слободен викенд или овој или следниот викенд.

Една од оштените во аферата ФИКОМ напиша:

Николиќ беше осуден на 10 години затвор по аферата во 205 година, и требаше брзо да излезе. Цел случај ФИКОМ е намонтиран, јас сум една од жртвите на ФИКОМ, со години се влечевме по судови, па увидов дека и Николиќ беше жртва на големи играчи од власта, благодарение на кои зградите до ден денес пропаѓаат, а ние не сме обештетени.Некој чека дебело да се оќари. А после излегувањето на Николиќ од затвор, ќе се дознаеше кој е тој „некој“. Време му било да го скинат.

Николиќ издржуваше затворска казна поради продавање исти станови од зградата во Кисела Вода на повеќе потенцијални станари.

Би можело да ве интересира

Се обеси сопственикот на Фиком

Ана Ололовска