Околу 1.300 кандидати аплицирале за упис во прва година на Штипскиот универзитет

Од:

Околу 1.300 идни студенти аплицирале на факултетите и академиите на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип во рамки на првиот уписен рок, во текот на изминатите три дена, соопшти на денешната прес-конференција проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип Кирил Барбареев.

– Факултетите кои работат на проверка на знаење и умеење, а тоа се Музичката и Ликовната академија и Факултетот за образовни науки тековно се координираат со пријавените кандидати и тие резултати ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден. Првичните резултати се веќе објавени и она што може да се констатира е дека нема никакви забелешки од пријавените кандидати. 24 и 25 август ќе биде запишувањето на студентите од првиот уписен рок, рече Барбареев.

Тој истакна дека околу 50 странски студенти оваа година ќе ја следат наставата по македонски јазик на Филолошкиот факултет, по што ќе почнат со следење редовна нстава на факултетите на кои се запишале.

Штипскиот универзитет веќе работи и на организација на наставата за академската 2017-2018 година. Првиот академски час за бруцошите се планира на 18 септември, кој ќе се одржи во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип.

– Се подготвува и водич за студирање, каде што сите нови студенти ќе ги добијат сите оние најнеопходни, првични и најважни информации за универзитетот и за нивните факултети, нагласи Барбареев.

Во текот на изминатите три дена идните студенти пројавиле интерес за запишување на сите факултети, но најмногу за Факултетите за медицински науки, за туризам и бизнис логистика, за Факултетот за образовни науки и за Природно-техничкиот факултет.

Барбреев забележа дека новата академска 2017-2018 година за студентите почнува во третата недела на септември или по 20-ти септември.

Би можело да ве интересира

Мајкрософт го издвојува Универзитетот во Штип како пример за успешна онлајн-настава

Жарко Настоски