ОЈО: Се прибираат докази и се сослушуваат сведоци по трагедијата во Карпош каде мајка и дете беа најдени мртви по пад од зграда

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото во скопски Карпош, каде што по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете.

Од Јавното обвинителството вечерва информираа дека јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите, како и прибирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на настанот.

-Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот, посочуваат од ОЈО.

Од Обвинителството најавуваат повеќе детали од дејствијата во текот на утрешниот ден

Мајка и дете попладнето паднале од балкон во Карпош. Случајот во полицијата бил пријавен во 14:15 минути. Настанот се случил во зградите кај поранешна Алумина.

Би можело да ве интересира

Обвинителство со постапка против љубоморен скопјанец – ја исфрли екс партнерката од автомобил

А1он

Пијан жител на Трубарево направи сообраќајка, повредени се две осум месечни бебиња

А1он

Гаврил Бубевски од СЈО стана шеф на скопското обвинителство, неговиот колега кој ја гони Канческа Милевска избран за виш обвинител

Кристијан Ландов